Македонија на Евробаскет под МКД, а Грција меша политика и спорт

Грција меша политика и спорт повторно. На официјалната интернет страница на Евробаскет 2015 Македонија е запишана под кратенката МКД, не под референцата ФИРОМ, што повторно предизвика бурни реакции кај нашиот јужен сосед.

Евробаскетот почнува за четири дена, а македонската кошаркарска репрезентација првиот меч го игра против Грција и тоа на 5-ти семптеври во Загреб.

Во пресрет на меѓусебниот дуел, што треба да се одржи оваа сабота, Грција меша политика и спорт повторно. Нашиот јужен сосед се обидува со сите сили да испровоцира, па како многу пати до сега, се буни за третманот кој Македонија го добива од ФИБА.

На официјалната интернет страница на Евробаскет 2015 Македонија е запишана под кратенката МКД, не под референцата ФИРОМ.
На официјалната интернет страница на Евробаскет 2015 Македонија е запишана под кратенката МКД, не под референцата ФИРОМ.

Имено, македонската кошаркарска репрезентација на официјалната интернет страница на Евробаскет 2015 е запишана под кратенката МКД, а не под референцата ФИРОМ, објави Канал 5.

По ова следеа бурни реакции во грчките медиуми. „Фаул од ФИБА“, „Гаф на ФИБА“, се дел од написите во грчките медиуми.

Масло на огнот фрли ФИБА пред дуелот помеѓу Грција и Македонија со грешката за која се уште не е утврдено дали е намерна или не, пишува спортскиот портал Сентра гол, а пренесува Канал 5.

Засега реакции од грчка страна има само на интернет порталите и нема реакција од официјална Атина, нешто што според искуството може да се очекува.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.