понеделник, 29 мај 2017  |  Вести денес: 0

Македониja и Германиja со исти интереси за мигрантската криза

Македониja и Германиja со исти интереси за мигрантската криза

Македониja и Германиja со исти интереси за мигрантската криза

Поврзани вести

Македониja и Германиja со исти интереси за мигрантската криза. Претседателот Иванов, на маргините на климатскиот самит оствари средба со германската канцеларка Ангела Меркел.

Соговорниците размениja мислења за актуелната мигрантска криза, безбедносните предизвици и состоjбата со европската интеграциjа на Република Македониja. Канцеларката Меркел го информираше Иванов за исходот од вчерашниот самит ЕУ-Турциja. Претседателот ja запозна канцеларката со мерките што Република Македониja ги презема за справување со бегалската и мигрантската криза и посебно укажа на фактот што се уште нема ништо од ветената европска помош за македонските институции. Воедно, претседателот Иванов истакна дека Македониja инсистира на мисиja на Фронтекс на jужната граница, а обрна внимание и на недостатокот од директна комуникациja меѓу македонските и грчките институции, на секое потребно ниво.

Иванов нагласи дека неопходно е Македониja конечно да започне со преговори и потенцираше дека бегалската криза jacно укажува оти земjите од Западниот Балкан требаше одамна целосно да бидат интегрирани во ЕУ.

Беше заклучено дека Македониja и Германиja имаат исти интереси во однос на мигрантската и бегалската криза, и натаму треба да продолжи и да се продлабочи интензивната комуникациja и размена на информации мегу двете земjи, посебно во однос на актуелната мигрантска криза.

Најчитани вести