Спорт

Македонија ги доби противниците за ЕП 2016

Македонија ги доби противниците за ЕП 2016

Ракометарките на Македонија ги добија своите противници за квалификациите за Европското првенство во Шведска кое ќе се одржи следната година.

Нашите најдобри ракометарки, борбата за првите две позиции ќе ја водат во „балканската“ група која покрај Македонија, ја сочинуваат уште Црна Гора, Хрватска и Словенија.

Квалификацискиот циклус ќе започне во октомври кога ќе се одиграат мечевите од првите две кола, по што завршницата ќе следува наредната година. Прво ќе се игра во периодот од 9 до 13 март, по што квалификациите ќе финишираат во јуни кога ќе се одиграат последните две рунди.

Европското ракометно првенство за жени ќе се одржи од 4 до 18 декември 2016 година, во градовите Стокхолм, Кристијанштад, Малме, Хелсинборг и Гетеборг.