Maкедонија ги доби противниците за квалификациите за Еуробаскет 2017

Maкедонија ги доби противниците за квалификациите за Еуробаскет 2017
Maкедонија ги доби противниците за квалификациите за Еуробаскет 2017
Најдобрата машка кошаркарска репрезентација на Македонија ги доби противниците во квалификациите за Европското првенство кое во 2017 година ќе се одржи во: Турција, Финска, Романија и во Израел.

Македонија, до своето шесто учество на ЕП ќе треба да дојде во дуелите против селекциите од групата Г во која за противници ќе ги има: Унгарија, Велика Британија и Луксембург.

Во останатите групупи ќе играат:
А група: Белгија, Исланд, Швајцарија, Кипар.
Б група: Германија, Холандија, Австрија, Данска.
Ц група: Русија, БиХ, Шведска.
Д група: Полска, Естонија, Белорусија, Португалија.
Е група: Словенија, Украина, Бугарија, Косово.
Ф група: Грузија, Црна Гора, Словачка, Албанија.

Квалификациите ќе се играат летово, во периодот од 31 август и 17 септември.

Учество на шампионатот ќе обезбедат 11 селекции и тоа седумте првопласирани, како и четири од второпласираните од секоја од квалификациските групи.

Пласман на ЕП веќе имаат обезбедено 13 репрезентации. Покрај четирите домаќини, Финска, Турција, Романија и Израел, и финалистите од последното ЕП 2015, Шпанија и Литванија, на следното ЕП сигурно ќе играат и репрезентациите кои ќе настапуваат во квалификациите за ОИ во Рио, а меѓу кои се: Хрватска, Чешка, Франција, Грција, Италија, Летонија и Србија.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.