Македонија го најде спасот, работа за 200.000 лица од разни профили

Кога би ги прелистале огласите во Македонија, без разлика дали се во весниците или на интернет ќе се изначитате многу работи.

При читањето ќе сфатите дека едни не знаат правопис, други не им ги знаат родовите на предметите, трети се поетски расположени, четврти се неодлучни. Но, како и да е слатко ќе се изнасмеете.

Огласот кој го привлече нашето внимание гласи вака:

„Ми треба луѓе за работа од сите профили бројка 200.000 за Р.Македонија“

024

Браво другарче, како што си тргнал еден невработен нема да остане во државата!

Правник, економист, канцелариски работник ретко кој денеска бара, но затоа пак работа за овчари со искуство можете да сретнете на секој чекор.

022

Ова се уште неколку неопходни кадри на пазарот на труд:

123

И неодлучните луѓе често објавуваат огласи, така на пример, личноста која стои зад огласот „1.000 оргинални книги за џабе“ не може да се одлучи за цената на чинење на една книга, дали е 3.000 или 3 денари или пак 3 евра. Во секој случај ако сте љубител на добра книга, можете да му се јавите и да ја разоткриете загатката.

oglasi1