Македонија го одбележува раѓањето на Гоце Делчев

Македонија денеска ја одбележува 143 години од раѓањето на Гоце Делчев. Чествување по повод денот на раѓањето на револуционерот, ќе се одржи во црквата „Св.Спас“ во Скопје.
Во рамки на настанот, предвидено е да се одржи панихида, како и настап на мешаниот градски хор „Вардар“ под диригентство на Јасмина Ѓорѓеска.
Државни делегации, институции, организации, друштва и голем број на граѓани почитувачи на делото на Делчев, ќе положат свежо цвеќе пред гробот на македонскиот револуционер.