Македонија го одбележува Светскиот ден на хипертензија

Секој четврти од десет возрасни имаат повисок крвен притисок, што често не се дијагностицира навреме. Хипертензијата лесно може да се утврди и  лесно може да се воведе модификација на животен стил или терапија за соодветно регулирање на крвниот притисок, а сепак само половина од вкупниот број на луѓе со хипертензија се свесни дека ја имаат.

Таа е втор водечки ризик фактор за оптовареност со болест  во земјите во развој, како и водечки фактор за мозочен удар  и срцева слабост. Здравите ставови – здрава исхрана, намален внес на сол, зголемена физичка активност, одржување на здрава телесна тежина, намален внес на алкохол и престанок на пушење,  можат да помогнат во борбата со хипертензијата.

Македонската асоцијација за хипертензија, заедно со  Здружението на лекари по општа и семејна медицина го одбележуваат  Светскиот ден за хипертензија во текот на целата недела.