Македонија го победи Иран – чекори кон осминафинале

Македонската ракометна репрезентација потешко од очекувањата стигна до посакуваната победа против Иран од 33:31.

Селекторот Ивица Обрван мечот го почна со комбиниран состав, односно тотално изменет во однос на оној кој го совлада Тунис. По почетното водство, Иран како и на мечот против БиХ, така и против Македонија го превзема водството, кое успеавме да го анулираме до крајот на првиот дел и на паузата да се замине со предност на нашите ракометари од 19:17.

Но, за Македонија да ја врати предноста од клупата мораше да влезе Кире Лазаров, кој не играше дваесетина минути. Капитенот повторно се наметна како лидер и нашата репрезентација уште еднаш покажа дека со него на теренот е далеку посигурна. На овој меч сите ракометари добија шанса за настап, па мозаикот се склопи во вториот дел и победата не беше доведена под знак прашалник.

Кире постигна 9 голови, шест од линијата за седум метри, запиша три асистенции и имаше 64 проценти реализација, поради тоа беше прогласен за играч на натпреварот.

Немања Прибак постигна пет голови и беше одличен во првиот дел, четири запиша Недановски, кој ги одигра последните неколку минути, а Вугринец и Стоилов постигнаа по три погодоци.

Утре е ден за одмор за Македонија, а потоа следува пресметката со БиХ.

 

ФОТО: Екипа