Македонија го празнува св. Трифун – заштитникот на лозарите

св. трифун

Во винарските визби низ државата ќе бидат организирани прослави на кои ќе се слави денот на виното.

Трифун вс валентин Н1.jpg

На одбележувањето на празникот во Демир Капија ќе присуствува претседателот на Република Македонија, Ѓорге Иванов, а на закројувањето на виновата лоза во винарската визба „Тиквеш“ во Кавадарци ќе биде министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство Михаил Цветков.

Празникот свети Труфун ќе биде одбележан и во винаријата „Стоби“ во општина Градско, каде е најавено присуство на голем број дипломати, претставници од бизнис-секторот, вински витези.

По повод празникот, воз на „Македонски железници Транспорт“ бесплатно ќе превезува патници од Скопје за Демир Капија. Возот тргнува од Скопје во 08:10 часот, во Демир Капија ќе пристигне во 10:00 часот, а ќе се враќа за Скопје во 15 часот.

Во Македонија има 88 милиони пенушки засадени на површина од 23.613 хектари, а 77-те винарии произведуваат 78,5 милиони литри вино на точење и 28,05 милиони литри во шишиња. Најмногу се извезува вино во шишиња и тоа во Кина, Русија, САД и Австралија, а вкупната вредност на извозот на вино изнесува 47,7 милиони евра.

винови лози

Покрај ова, во Македонија се произведуваат во домашни услови и 70.200 тони грозје и 13 милиони литри вино.

– Свети Трифун се празнува на 1. сечко, според стариот или на 14 февруари според новиот календар. Во повеќе краишта на Македонија на овој ден рано наутро се одело во црква каде што попот пеел молитва и светел вода. Од оваа вода, за која се верувало дека со осветувањето е ослободена од сите негативни демони и дека има лековита моќ, луѓето земале во шишиња и ги прскале лозјата, при што го изведувале и обредното закројување, пишува д-р Марко Китевски во книгата „Македонски празници“.

Валентин љубов.jpg

Покрај Св. Трифун, младите во Македонија го празнуваат и католичкиот празник Свети Валентин – Денот на вљубените кога си подаруваат подароци во знакот на љубовта во вид на плишани мечиња, срца, чоколадни производи во вид на срце, разни цветни аранжмани и слично.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.