Македонија го презема претседателството на ЦЕИ

Македонија денеска ќе го преземе претседателствувањето со Централноевропската иницијатива (ЦЕИ) од Австрија.

– Македонија го презема претседавањето од Австрија на ЦЕИ. Ќе имам излагање. Одлична можност за промоција, контакти и остварување на нашите цели. Ќе има настани и во Македонија во наредниот период, изјави синоќа премиерот Никола Груевски.

Претседателот на Владата ќе учествува на 11.Виенски економски форум – Виена самит 2014 „Визии и одговорности во време на промени“, на кој ќе има свое обраќање. На самитот најавено е учество и на други европски лидери.

Груевски најави дека во Виена ќе се сретне со претседателот на Европската банка за обнова и развој, како и со премиерите на Австрија, Чешка, Италија…