Спорт

Македонија го торпедираше Азербејџан, на ред е Грузија

Македонија го торпедираше Азербејџан, на ред е Грузија
Одбојкарите ќе имаат вистинско патешествие со автобус до Полска

Македонската одбојкарска репрезентација одлично ги стартуваше квалификациите за пласман на Европското првенство во 2015 година, откако во Групата 3 која се игра во салата „Парк“ во Струмица славеа лесно против селекцијата на Азербејџан со 3:0 (25:15,25:17,25:15).

Избраниците на Жарко Ристоски, без никакви проблеми доминираа против Азербејџанците во текот на целиот натпревар. Уште во првиот сет јасно покажаа дека нема да дозволат никакво изненадување, иако пред мечот одбојкарите на Азербејџан најавуваа можност и за триумф.
На првиот натпревар од нашата група претходно Шведска исто така со 3:0 славеше против Грузија. Денеска македонските одбојкари во рамките на 2.коло на турнирот од 18 часот ќе играат против репрезентацијата на Грузија.