(ВИДЕО) Македонија го започна шампионатот со триумф над фаворизираната Словенија

Македонските ракометари со успех против фаворизираната и одлична селекција на Словенија со 25:24 во саботата вечерта го започнаа Европското ракометно првенство во Хрватска, во дуелот од првото коло во Групата Ц која се игра во Загреб.

Важноста на мечот предизвика и двајцата селектори внимание да посветат на одбранбените задачи што резултираше со многу седмерци и исклучувања, но сепак дебитирањето на Шпанецот Раул Гонзалес на клупата на македонската репрезентација на големите натпреварувања го донесе триумфот над големиот противник, бронзената Словенија од последниот мундијал.

Средбата започна според очекувањата со тврда и црвста игра на Словенија, што донесе првите погодоци македонските ракометари да ги постигнат од седум метри преку Кирил Лазаров, а исто така со две исклучувања на словенечките играчи. Сеепак, благодареќи на словенечкиот голман Шкоф кој го одбрани третиот седмерец на Лазаров и уште два зицера на Дејан Манасков, Словенците ја оддржуваа предноста од два до три гола. Кога се чинеше дека словенечките ракометари ќе одат на повисока разлика, Гозналес на резултат 8:11 го повика вториот тајм-аут, Митрески успешно го замени Борко Ристовски на голот, а во нападот реализираа Кирил Лазаров, Небојша Прибак и Филип Талески, со што се дојде до израмнување.

Почетокот на второто полувреме, кој започна со посед на топката на Македонија го донесе првото водство на македонската селекција, и со серија од 4:0 и продолќување на одраните на Митревски донесе предност од 15:11, а притоа Словенија уште еднаш остана со играч помалку во теренот. Откако Манасков со обидот од својот дел на теренот да го погоди противничкиот гол пропадна шансата Македонија да отиде на „плус пет“ и брзото исклучување на Филип Миркуловски и Гоце Георгиевски, додека Столе Стоилеов сѐ уште беше казнет Словенија успеа дури по девет минути да постигне гол и набрзина да намали на два гола заостанување 16:15. Георгиевски ја сопре словенечката серија, а во периодот додека се играше „гол за гол“ острата на моменти и груба игра на Словенците во одбраната резултираше со третото исклучување на Цингесар, што претставува и црвен картон.

Во последните десет минути од дуелот се влезе без предност за некоја од селекцијата (20:20), а тогаш беше поништен погодок на Миркуловски, по што Словенија го презема водството (20:21). При резултат 23:23, Георгиевски изнуди исклучување на Благотиншек кој дотогаш ја одржуваше Словенија со својата серија погодоци. Браќата Кирил и Филип Лазарови ја донесоа преднсота од 25:24, Зарабец згреши во напад, но Македонија не не го искористи противнападот. За среќа Словенците згрешија и во следниот напад, а искусниот Лазаров изнуди фаул за зачувување на конечниот резултат 25:24.

Дејан Манасков со осум голови и Кирил Лазаров со седум погодоци ја водеа Македонија до големата победа, додека Жига Млакар со четири голови беше најефикасен кај Словенија.

Претходно во нашата група Германија со 32:19 ја декласираше Црна Гора. Македонија во понеделник ќе се сретне со Црна Гора, а средбата со актуелниот европски шампион Германија, на распоредот е во среда на 17-ти јануари.

 

.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.