сабота, 29 јули 2017  |  Вести денес: 21

Македонија гори, баба се чешла

StefanVlahovMitcov

Последни вести

Дали пред да ја изгубиме државата ќе ја сфатиме суштината во зборовите на Слободан Милошевиќ кажани на Киро Глигоров:

„Вие држава ќе добиете, но незнам дали можете да ја сочувате?“

Моментно тоа се однесува и за Србија, но проблемот кај србите е привремен, од генерациски аспект, а кај нас – психолошки и веќе ментален. Како споредба, еве два примера:

Прво, за време на Илинденското востание од 1903 година, според летописецот Христо Силјанов, во Македонија биле целосно или делумно изгорени 122 села и убиени 1779 луѓе. Кон таа бројка мора да се додадат и 746-те убиени востаници во 150 битки. Доколку ги вклучиме и бројките од Одринско, севкупните жртви би биле околу 5.000 луѓе. ОБРНЕТЕ ВНИМАНИЕ!, ПО ВОСТАНИЕТО ОД МАКЕДОНИЈА ИМИГРИРАЛЕ ПОВЕЌЕ ОД 30.000 но, по Првата светска војна македонската имиграција изнесува близу половина милион луѓе.

Второ, за време на Првата светска војна, жртвите на Србија се 1.978,148 луѓе, па така, таа го зазема четвртото место по дадени жртви веднаш по Русија, Германија и Франција. За споредба, вкупно жртвите на сите други балкански држави биле 40 отсто од српските. А, потоа ќе зборуваат дека создадената држава на србите, хрватите и словенците била вештачка.

ИМИГРАНТИ ОД СРБИЈА ВО ТОЈ ПЕРИОД НЕМА.

Денес, кога македонците сè уште си ја имаат државата, имиграцијата продолжува да расте. До 2010 година таа изнесувала 22 отсто од населението и тука сме изедначени со Западен брег и Газа, каде што се води перманентна војна.

ЗАКЛУЧОК: СО БЕГАЊЕ И ИМИГРАЦИЈА ДРЖАВА НИТУ СЕ СОЗДАВА, НИТУ СЕ СОЧУВУВА. МОМЕНТНО НАДВОР ОД МАКЕДОНИЈА ЖИВЕАТ 7 ПАТИ ПОВЕЌЕ ЛУЃЕ СО МАКЕДОНСКО ПОТЕКЛО (ГОЛЕМ ДЕЛ ОД НИВ ВЕЌЕ НЕ СЕ БРОЈАТ ЗА МАКЕДОНЦИ), ОТКОЛКУ ВО МАТИЧНАТА ЗЕМЈА. МАКЕДОНСКИТЕ БЕГСТВА СЕ ВЛЕЗЕНИ И ВО ФОЛКЛОРОТ:

„ВОЈВОДО, ЌЕ СЕ БИЕМЕ ИЛИ ЌЕ СЕ ПРЕДАВАМЕ? МАКЕДОНЕЦОТ НЕ СЕ ПРЕДАВА ЌЕ БЕГАМЕ!

Еве и друг одговор на прашањето: Зошто сме последни од балканските народи што сме ја обновиле својата држава, а нeможеме да ја одбраниме? ЗАТОА ШТО СÈ НЕШТО ЧЕКАМЕ: ЗГОДНО ВРЕМЕ, МОЌНИ ПОКРОВИТЕЛИ, СРЕЌНИ ОКОЛНОСТИ. СО ЕДЕН ЗБОР, ГО ЧЕКАМЕ ГОДО, А СЕ РАЗБИРА, ТОЈ НИКОГАШ НЕ ДОАЃА.

Зошто чекаме? Заради јазот меѓу политичките лидери и народот. Народот ја чека одлукатата на лидерите, а тие се улизуваат на „Биг Брадерите во Вашингтон и во Брисел. За овие 26 години не сум прочитал или слушнал некој македонски лидер, мал или голем, да изјави:

„Ние македонците можеме сами!

Тоа кај нас се вековни лидерски комплекси, кои успешно се наметнуваат врз македонскиот народ. По секојдневните митинзи, кои непрестајно се оддржуваат и по 41 ден, граѓаните ме прашуваат: „Дали има спас?

СПАС ИМА, НО ТОЈ НЕ Е ПОВРЗАН СО ЧЕКАЊЕ:

Прво, три години владејачката ВМРО-ДПМНЕ има можност да ја разреши кризата, но, таа тоа не го прави, бидејќи чека дозвола од странските уценувачи за да може да остане на власт. Странци ни прават избори, странци ни пишуваат програми, странци ги советуваат (?) македонските партии, странци ги оценуваат изборите, странци ни поставуваат влади.

Второ, народот на улица го чека ветениот од политичарите Годо. Овие, внатре во Собранието мирно калкулираат и се пазарат. Народот надвор мирно си ја сака државата. Бејли и албанските сепаратисти спремат крвав напад врз нашите пацифисти, а политичарите и организаторите на протестите повикуваат народот да биде буден. САМО ШТО, АКО СЕ ЗНАЕ ДЕКА ПРЕД ВЕЛИГДЕН СЕ СПРЕМА ДРЖАВЕН УДАР, КАДЕ СПИЕ ДИМИТРИЕВ И НЕГОВИТЕ ИНСТИТУЦИИ? ЗОШТО СИТЕ ГИ ЧЕКАМЕ ТЕРОРИСТИТЕ ДА УДРАТ, ПА ТОГАШ ДА СЕ ОБИДЕМЕ ДА РЕАГИРАМЕ?

ЗАКЛУЧОК: МАКЕДОНСКИТЕ ПОЛИТИЧАРИ И ОД СДСМ, И ОД ВМРО-ДПМНЕ СЕ ЗАВРШЕНА ПРИКАЗНА НО, АКО МАКЕДОНСКИОТ НАРОД И ПОНАТАМУ ПРОДОЛЖИ ДА ЧЕКА И НЕ ЈА ЗЕМЕ ВЕДНАШ СВОЈАТА СУДБИНА ВО СВОИ РАЦЕ, А И ТАА НА ДРЖАВАТА, ЌЕ СИ ОСТАНЕМЕ САМО СО МИТИНЗИТЕ, КАКО ВО 2001-ВА.

ИЗЛЕЗОТ: НАРОДЕН УЛТИМАТУМ ДО ПАРТИИТЕ ВО СОБРАНИЕТО ВЕДНАШ ДА ФИКСИРАТ ДАТУМ ЗА ИЗБОРИ. НАРОДЕН УЛТИМАТУМ ДО УПРАВНИОТ СУД ВЕДНАШ ДА ГО УКИНЕ НЕЛИГИТИМНОТО И АНТИДРЖАВМО СЈО. АКО ДВАТА УЛТИМАТУМА НЕ ДАДАТ РЕЗУЛТАТ (ШТО Е НАЈВЕРОЈАТНО), ТОГАШ НАРОДОТ ДА ДЕЈСТВУВА ДО КРАЈ И ДА РАСЧИСТИ 26-ГОДИШНОТО ЃУБРЕ. А, ПОТОА ПРЕТСЕДАТЕЛОТ ИВАНОВ ДА ДОНЕСЕ УМИРОТВОРУВАЊЕ.

ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ:

Секој (политичар, новинар, наводен интелектуалец итн.) кој тврди, дека Трамп ќе и’ помогне на Македонија или è идиот или è платеник на македонските непријатели.

Секој, кој тврди, дека НАТО и ЕУ се гаранти за опстојување на Македонија или è идиот или è платеник на македонските непријатели.

Секој, кој тврди, дема Македонија може да се зачува без воен сојуз и без економска унија со Русија или è идиот или è платеник на македонските непријатели.

Секој, кој е против остварувањето на планот Б4 (воена неутралност на Македонија, Србија, Република Српска и Црна Гора) како гарант за територијалната целосност и унитарност на Македонија, со зачување на македонското име, јазик, идентитет, историја и култура, или è идиот или è платеник на македонските непријатели.

Секој кој е слеп и глув и не може да разбере дека таканаречените евроатлантски „вредности“ се пред целосно уништување, истовремено со нивните носители САД и ЕУ, или è идиот или è платеник на македонските непријатели.

Најчитани вести