Патната инфраструктура клучна за интензивирање на економската соработка со Албанија

Голема економска делегација од Албанија денеска е во посета на земјава со цел да се интензивира економската соработка меѓу двете земји.

„Не сме задоволни од обемот на размената на стоките и услугите меѓу двете земји. Тие имаат висока политичка и дипломатска соработка, но економската не е на тоа ниво“, рече денеска Мендерес Кучи, претседател на Стопанската комора на северозападна Македонија.

Тој нагласи дека денешната посета ќе биде поттик за унапредување и интензивирање на соработката меѓу двете земји, нагласувајќи дека од посебно значење се инфраструктурните проекти кои што ќе значат побрзо и поефикасно поврзување меѓу двете земји.

Претставници на повеќе албански компании, кои што се во рамки на делегацијата, сметаат дека двете влади мора да направат поголеми напори за интензивирање на условите за соработка и инвестиции во поголеми инфраструктурни проекти.

„Нашата заедничка молба до двете влади е да инвестираат повеќе во изградба на Коридорот 8 што ги поврзува двете земји, изјави Јака, истакнувајќи го значењето на  доброто инфраструктурно поврзување кон Тирана и Драч. Важен  е и  патот  од Дебар кон Тирана, кој би го скратил патувањето за еден час“, истакна претседателот на Албанската комора, Николин  Јака.

 

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.