Македонија и Албанија ја зајакнуваат бизнис соработката

Предлог-политиките за зајакнување на бизнис соработката и подобрување на трговската размена меѓу Македонија и Албанија беа тема на деловниот појадок кој беше организиран од Сојузот на стопански комори на Македонија (ССК.

Претседателот на ССК, Данела Арсовска, истакна дека од анализите за реалните потреби на бизнис секторот произлегоа неколку мерки кои ќе влијаат на подобрување на деловната соработка.

„Мерките кои произлегоа од реалните потреби на бизнис секторот се :Подобрување на размена на информации за економските и трговските активности во двете земји, зајакнување на активностите за промоција на извозот на македонските производи на албанскиот пазар, заедничкa туристичка понуда на прекуграничната област, развој на униформирана методологија за класификација на објектите поврзани со туризмот меѓу Македонија и Албанија, зајакнување на контролата на квалитетот и лабораториски испитувања, поддршка за подобрување на размената на информации меѓу националните статистички организации, како и поддршка за иновации во секторот на мали и средни претпријатија во Македонија и Албанија“, изјави Арсовска.

Министерот за економија, Беким Незири и градоначалникот на општина Тетово, Теута Арифи, истакнаа дека ќе се работи на интензивирање на комуникацијата помеѓу бизнис секторот со локалната и централна власт во насока на заедничко креирање и подобрување на условите за водење бизнис.

S

На деловниот појадок присуствуваа над 150 компании членови на ССК и делагација од Албанија и дискутира за конкретни теми во насока на подобрување на бизнис соработката помеѓу Македонија и Албанија преку веќе подготвени предлог политики на неколку теми, туризам, трговија, земјоделство и други економски сектори.

Активноста се реализира со поддршка на ИПА Програмата за прекугранична соработка со Албанија во рамки на проектот „Подобрување на бизнис соработката во прекуграничниот регион“ имплементиран од страна на Сојуз на стопански комори на Македонија.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.