Македонија и Албанија најпривлечни за косовските инвеститори

Најпривлечни држави за инвеститорите од Косово се Албанија и Македонија. Во првите три месеци од годинава надвор од Косово инвестирани се над пет милиони евра.

По Албанија и Македонија, најпривлечни држави за косовските инвеститори се Германија, Швајцарија и Холандија, а најмногу се инвестирало во недвижен имот, но и во туризмот и градежништвото.

Косовските бизнимени велат дека соседните земји имаат поповолна фискална политика отколку Косово.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.