Спорт

Македонија и без игра забележа скок од една позиција

Македонија и без игра забележа скок од една позиција

Фудбалската репрезентација на Македонија забележа напредок од една позиција на најновата ранг листа на ФИФА.

Нашиот национален тим моментално се наоѓа на 83. позиција иако во изминатиот месец немаше никакви активности на репрезентативното поле.

Првиот пријателски натпревар во 2014 година, репрезентацијата на Македонија ќе го одигра на 5 март на националната арена „Филип Втори” во Скопје, а противник на нашиот национален тим, кој за прв пат ќе биде предводен од новиот селектор, Бошко Ѓуровски.

На врвот од листата нема никакви промени, првата позиција и понатаму е резервирана за актуелниот светски и европски шампион, репрезентацијат ан Шпанија.

Веднаш зад „црвената фурија” следуваат репрезентациите на Германија, Аргентина, Португалија, Колумбија, Швајцарија, Уругвај, Италија, Бразил и Холандија.