Македонија и Чешка со соработка во делот на трудот, вработувањето и социјалната политика

Министерот за труд и социјална политика, Диме Спасов и министерот за труд и социјални работи на Чешката Република, Микаела Марксова, денес во Прага потпишаа Меморандум за соработка од областа на трудот, вработувањето и социјалната политика.

Како што информираат од Министерството за труд и социјална политика, Република Македонија и Чешката Република имаат заеднички изразен интерес за развивање на соработката и пријателските односи. Токму поради тоа, со потпишувањето на меморандумот се предвидува активна соработка на двете министерства во делот на грижа за лица од ранливите групи, социјални услуги, социјално осигурување, социјални бенефиции, законот за работни односи, политики за пазарот на труд и вработување, социјален дијалог и колективно договарање.

Исто така, во иднина со склучениот меморандум се предвидува и започнување на заеднички проекти, организирање конференции, семинари, студиски посети.

Овој тип на размена на искуства и продлабочување на соработката со земјите членки на Европската Унија, го помага евроинтегративниот процес на Република Македонија.