Македонија и Хрватска ќе ја подобруваат соработката на полето на одбраната

Премиерот на Република Македонија, Никола Груевски, денеска оствари средба со министерот за одбрана на Република Хрватска, Анте Котромановиќ.

Груевски и Котромановиќ на средбата разменија мислења на повеќе теми од различни области кои се од интерес за понатамошно унапредување на односите, акцентирајќи ја соработката на проекти во полето на одбраната.

Премиерот истакна дека реформите и мерките кои се преземаат се за унапредување на стандардите од полето на одбраната. Тој додаде дека членството во НАТО алијансата претставува стратешка определба и на крајот посочи дека Република Македонија зема активно учество во мировните мисии на НАТО и претставува активен партнер во исполнување на функциите и целите на Алијансата.

Sredba Gruevski-Kotromanovic_2

Министерот за одбрана, Котромановиќ, истакна дека Република Хрватска активно го поддржува членството на Република Македонија во НАТО, истакнувајќи дека државата ги исполнува стандардите и високите критериуми за целосно членство.

Тој посочи дека Република Хрватска дава целосна поддршка на активностите за реализација на проекти кои што ќе придонесат за јакнење на регионалната соработка и напредок на регионот.

Sredba Gruevski-Kotromanovic_1

На состанокот беше разговарано и за подготвеноста и можноста за интензивна соработка во однос на повеќе конкретни проекти како што е соработката во однос на Центарот за обука на пилоти, и за соработката во областа на образованието на кадри од областа на одбраната.