Македонија и понатаму интересна дестинација за странските туристи

Македонија и понатаму е интересна дестинација за странските туристи, а тоа го потврдуваат и податоците на Државниот завод за статистика.

Бројот на туристите во октомври оваа година, во однос на истиот период лани, е зголемен за 19 отсто, а бројот
на ноќевањата е зголемен за 13 отсто.

Пораст од 6,1 отсто е забележан кај бројот на домашни туристи, во октомври оваа година, додека кај странските туристи тој пораст и е поголем и позначителен- 26,1 отсто.

Бројот на ноќевањата на домашните туристи во октомври оваа година, во однос на истиот период лани, е зголемен за 11,9 отсто, а бројот на ноќевањата на странските туристи е зголемен за 13,7 отсто.

Во периодот од  јануари до октомври оваа година, во однос на истиот период од претходната година, бројот на
туристите е зголемен за 6,1 отсто и тоа: кај домашните туристи има намалување за 2,8 отсто, а кај странските има
зголемување за 14,1 отсто.

Во периодот јануари- октомври оваа година, во однос на истиот период од претходната година, бројот на ноќевањата е зголемен за 0,1 отсто и тоа: кај домашните туристи има намалување за 4,6 отсто, а кај странските има  зголемување за 8,2 отсто.