Македонија и понуди помош на Бугарија во справувањето со поплавите

Македонскиот премиер, Никола Груевски, упати писмо со сочувство и помош до својот колега од Бугарија, Пламен Орешарски.

Во писмото премиерот наведува дека Македонија е на готовс да и помогне на својата соседна држава.

„ Во духот на искрените и добрососедски односи кои ги имаме и во духот на солидарноста и пријателството на нашите народи, во оваа прилика сакам да Ве известам дека можете целосно да сметате на помошта на Владата на Република Македонија. Подготвени сме во нaјбрз можен рок да ги ставиме на располагање сите потребни ресурси со цел санирање на штетите кои ги предизвика природната непогода“, се вели во писмото на Груевски.