Македонија

Потпишана Административна спогодба меѓу Македонија и Словачка за социјално осигурување

Потпишана Административна спогодба меѓу Македонија и Словачка за социјално осигурување

Административната спогодба за спроведување на Договорот меѓу Република Македонија и Словачка Република за социјално осигурување денес беше потпишана од страна на министерот за труд и социјална политика, Диме Спасов, и Амбасадорот на Словачка Република, Мартин Безак.

Со Административната спогодба се уредува начинот и постапката на остварувањето на правата од социјално осигурување, надлежните институции и органите за врска за спроведување на Договорот.

Договорот за социјално осигурување меѓу Република Македонија и Словачката Република се потпиша минатата година во Братислава. Договорот е ратификуван од парламентите на Република Македонија и Словачка Република и стапува на сила од 1-ви декември 2015 година.

Со стапувањето на сила на Договорот се регулираат односите во областа на социјалното осигурување меѓу Република Македонија и Словачка Република и остварувањето на правата од осигурување за граѓаните на овие две држави и членовите на нивните семејства. Договорот содржи одредби за права од пензиското и инвалидското осигурување, здравственото осигурување, осигурување во случај на невработеност, детски додаток и осигурување во случај на повреда на работа и професионална  болест.

Како што информираат од Министерството за труд и социјална политика, Спасов и амбасадорот Берзак на заедничката средба изразија задоволство од потпишувањето на спогодбата и потенцираа ќе продолжат заедничките иницијативи во интерес на граѓаните на двете земји.

Република Македонија досега како самостојна држава има применува 19 Договори  за социјално осигурување