Македонија

Македонија и Словенија ја интензивираат соработката во земјоделството

Македонија и Словенија ја интензивираат соработката во земјоделството

Македонскиот министер за земјоделство, шумарство и водостопанство Михаил Цветков денеска во Љубљана се сретна со неговиот словенечки колега Дејан Жидан.

На средбата, како што соопшти Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство, е потврдена досегашната успешна соработка на двете министерства и насоките и идните заеднички проекти.

На средбата на која присуствувал и директорот за ветеринарство и храна Зоран Поповски, особено внимание е посветено на прашањето на третманот на нус-производите од животинско потекло. Словенија на овој план има ефикасен систем за безбедно управување со животински нус-производи, врз основа на моделот на јавно-приватно партнерство.

Двајцата министри разговарале и за евроинтеграциските процеси, како и за трансфер на словенечкото искуство во Македонија од областа на земјоделството.