Македонија и Србија ја унапредуваат економската соработка

Унапредување, зголемување и подобрување на соработката на неколку полиња на Македонија и Србија, заеднички мерки на штедење, продлабочување на односите се само дел од темите на кои денеска разговараат двајцата премиери, Никола Груевски и Александар Вучиќ.

На денешната посета на Македонија, српскиот премиер, заедно со неколку министри од неговата Влада, присуствуваат на втората билатарелна седница меѓу двете Влади. Првата седница меѓу Македонија и Србија се одржа во Белград.

По седницата и поединечните средби меѓу премиерите и ресорните министри беа потпишани седум договори за унапредување на собработката, и тоа од областа на економијата, туризмот, железничкиот сообраќај, образованието и науката, надоврешната политика, животната средина, како и културата.

Премиерот Груевски потенцираше дека приоритет на двете Влади е надградба на економската соработка, преку која се вклучени и приватните компании кои нудат вработувања.

DSC_6916

„Одржавме конструктивна заедничка седница која е во интерес на двете земји. Работиме на унапредување на соработката на сите полиња, како економското, туризмот, образованието. Разговаравме и за проширување на соработката на економски план, во кој ќе бидат вклучени и бизнис заедниците, преку кои ќе се подигне и соработката меѓу приватниот сектор, каде и се отвораат повеќе работни места“, рече Груевски.

Груевски додаде дека межу темите кои биле во фокусот на средбата на премиерскот ниво биле и изградбата на автопати, железничката пруга, енергетската поврзаност, како и контактите на компаниите, нивната соработка, како и заедничко излегување на трети пазари.

DSC_5109

Премиерот Вучиќ, додаде дека се разговарало и за зголемување на увозот и извозот, како и за заедничките мерки за штедење.

„На Европа и светот решивме да им понудиме заеднички туристички понуди со што ќе го зголемиме бројот на туристи. Работиме на зголемување на увозот и извозот. Зборувавме за конкретни проекти кои се од заеднички интерес, како коридор 10, изградбата на електро-далеководска мрежа, гасна мрежа Врање-Куманово, пругата кон Грција. Зборувавме и за образовените бидејќи без непредок во образовените, тешко дека ќе се оди напред“, изјави премиерот Вучиќ.

Во заедничките мерки за штедење, и двајцата премиери потенцираа дека станува збор за отворање на заеднички амбасади и конзуларни претставништва со што ќе се заштедат финансиски средства.