Македонија и вечерва се гуши во загаден воздух

Скопје вечерва повторно се гуши во смог, мерните станици за квалитетот на воздухот, покажуваат ниво на загаденост 4-5 пати над нормалата.

Мерната станица во Лисиче  бележи најголема загаденост, таму ПМ10 честичките се искачија до 238 микрограми на метар кубен што е четири пати повеќе од дозволената граница, загадрноста кај Ректорат е 213 микрограми на метар кубен, додека во Гази Баба 189 микрограми на метар кубен.

Алармантна е состојбата и во другите градови на Македонија. Екстремно загадување на воздухот е измерено и во Кичево каде се регистрирани ПМ10 честички во износ од 314 микрограми на метар кубен, Струмица нивото на ПМ10 честички е 292, а во Куманово се измерени 166 микрограми на метар кубен.

Градот Скопје веќе подолго време е на листата на најзагадени градови во светот.