Економија

Македонија има 6,8 тони злато

Македонија има 6,8 тони злато

Македонија со своите резерви од злато се најде на 79 место од вкупно 100 земји од светот рангирани од Светскиот совет за злато. Нејзините златни резерви изнесуваат 6,8 тони од кои 9,6 отсто се во општите  резерви.

Од регионот најмногу злато има Грција која има 112, 2 тони злато, Бугарија (40 тони), Србија (16,1 тони), Словенија (3,2 тони),  Босна и Херцеговина (3 тони) и Албанија (1,6 тони).

Црна Гора и Хрватска не се рангирани на листата.

Вкупниот износ на златните резерви на глобално ниво изнесува 31. 812 тони. Светскиот совет за злато соопшти дека централните банки купиле 118 тони злато само во вториот квартал на годинава што претставува зголемување од 28 отсто.

Во првите десет на листата се САД со 8.972 тони, Германија со 3.387 тони, Италија ( 2 451,8 тони), Франција ( 2 435,4 тони), Русија (1 035,2 тони), Кина (1 054,1 тони), Швајцарија (1 040 тони), Јапонија ( 765,2 тони), Холандија ( 612,5 тони) и Индија која има 557,7 тони злато како резерва.

Меѓународниот монетарен фонд (ММФ) има резерви на злато во иснос од 2.814 тони, додека Европската централна банка (ЕЦБ) 502,1 тони.