Македонија има одлична соработка со Кина во областа на земјоделството

На денешната проштална средба со Амбасадорот на Кина, министерот за земјоделство, Љупчо Димовски истакна дека Македонија и Кина имаат одлична соработка во областа на земјоделството.

Министерот Димовски исто така му се заблагодари на кинескиот амбасадор за неговата и за поддршката која неговата земја ја дава на Министерството за земјоделство и на Владата на Република Македонија, како и за можностите за обука и школување на вработени во министерството за земјоделство во Кина и му посака успех на личен и професионален план и во иднина.

„Нашата плодна и успешна соработка ќе продолжи и во иднина. Во Македонија секогаш ќе имате искрени пријатели“ – истакна министерот Димовски.

Амбасадорот Џивеи се заблагодари на поддршката и помошта која ја имаше од министерот Димовски и министерството.

За време на средбата се разменија позитивни впечатоци за досегашната одлична меѓусебната соработка и беше истакнато дека таа ќе продолжи и во иднина.

Со Кина веќе е потпишан Меморандум за разбирање за понатамошна соработка во земјоделството и Протокол за фитосанитарни услови за извоз на тутун од Македонија во Кина, со што формално правно веќе е овозможена соработката во областа на земјоделството.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.