Македонија

Македонија има трет најголем раст во Европа и умерен јавен долг

Македонија има трет најголем раст во Европа и умерен јавен долг

Македонија и во 2013 и во 2014 има трет најголем економски раст во Европа и умерен јавен долг, посочи премиерот Груевски во рамки на вечерашното гостување во емисијата Јади бурек, на телевизијата Сител.

-Македонија и во 2013-та и 2014-та има трет најголем раст на БДП во Европа.  Имаме 3,9 раст од првите три квартали. Имаме макроекономска стабилност. Македонија има релативно умерен државен долг, рече Груевски.

Тој додаде дека конкуренцијата ќе ги зголеми и платите. Кога во земјава ќе пристигнат повеќе инвеститори кои бараат работна сила, понудената плата ќе расте пропорционално со бројот на новоотворени работни места.

-Нашиот државен долг е 39 отсто од БДП и се рачуна за низок до умерен. Просекот на државниот долг во земјите од ЕУ е 87 отсто. Хрватска има над 100 проценти. Германија има долг од над 80 проценти од БДП, рече Груевски.