Македонија изработи Стратегија за претприемачко учење 2014 – 2020

Македонија ја изработи Стратегијата за преприемачко учење 2014-2020 со која на долг рок се очекува да се зголеми свеста за претприемништвото кај населението и да се зголеми бројот на нови иновативни претпријатија.

strategijaa_3Стратегијата предвидува конкретни активности со кои се очекува зголемување на бројот на конкурентни мали и средни претпријатија, а со тоа последователно и намалување на стапката на невработеност.

Документот е изработен на иницијатива на Министерството за образование и наука, а во неговата изработка учествуваа повеќе релевантни институции.

Претседателот Ѓорге Иванов, кој присуствуваше на денешната промоција на Стратегијата, истакна дека претприемничкото учење е камен-темелник за одржлив економски раст и развој и за отворање нови работни места.

– Неоспорен факт е дека нема поисплатлива среднорочна и долгорочна инвестиција од онаа во претприемачкото учење. Развивајќи го претприемачкиот дух кај младите, создаваме мотор што во иднина ќе ја движи напред македонската економија и на европскиот и на глобалниот пазар, нагласи Иванов.

Тој подвлече дека многу поразвиени и економски помоќни европски држави немаат стратегии за претприемничко учење и оти она што Македонија треба да се направи во следниот период е веќе донесената Стратегија да ја имплементира со максимално залагање на меѓуресорската група за претприемачко учење и на сите засегнати страни.

– Верувам дека сите можеме да го подигнеме процесот на спроведување. Најмалку што можеме да направиме е да ја подигнеме свеста за значењето и важноста на претприемачкото учење во целото наше општество. Со тоа ќе помогнеме да се создадат услови за заживување на стратегијата, рече Иванов.

strategijaaaСпоред заменик-министерот за образование и наука Спиро Ристовски, со стратегијата се презема уште еден сериозен чекор за зацврстување на економскиот раст.

– Првичните активности што ќе се преземат вклучуваат интегрирање на резултатите од претприемачкото учење, како клучна компетенција во националната наставна програма на сите нивоа на образование и подигнување на свеста за важноста на претприемачкото учење меѓу целото население. Крајната цел е да се зголеми самодовербата за претприемачките потфати на сите граѓани при што ќе се оспособат за целосна и ефективна улога во идниот развој на економијата и заедницата, подвлече Ристовски. 

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.