Македонија ја чека уште поголема и пострашна криза

Лидерот на опозицискиот СДСМ, Зоран Заев, со рушење на преговорите прави непоправлива штета и ја втурнува државата во уште поголема криза.

Тој самиот ги демантираше неговите соросови медиуми, кои ширеа лаги дека премиерот Никола Груевски прифатил техничка влада и повлекување, и дека единствено отворено прашање било периодот на неговото повлекување. Заев самиот изјави дека Груевски не се повлекол. Со ова медиумите финансирани од Сорос уште еднаш покажаа дека лажат и манипулираат.

Познавачите на приликите се едногласни дека со моментната ситуација на државата и’ се закануваат:

  • Губење на препораката од Европската унија,
  • Назначување на специјален пратеник од ЕУ, што значи дека државата се става во групата земји со безбедносен и политички ризик,
  • Изолирање, како и непоправлива економска штета, несигурност за граѓаните, за инвеститорите, кочење на реформите, нетрпеливост и продлабочување на тензијата

Заев, очигледно, игра по нотите по кои му свират и диригираат Љубомир Фрчковски, Сашо Ордановски и Владимир Милчин. Лидерот на опозицијата повлече чекор каков што му го посочија овие тројца. Тој со ова само покажа и докажа дека нема капацитет за политички лидер и дека партијата ја препуштил на Сорос и на нивните лични интереси. Заев со ваквите свои постапки само ја турка државата во уште поголема криза.