Македонија ја напаѓа Кина со Велковски и Илиоски

Денеска со почеток во 13:35 часот, фудбалската репрезентација на Македонија го стартува пријателскиот дуел против домашната селекција на Кина.

Селекторот на нашиот националеб тим, Бошко Ѓуровски изрази задоволство од условите кои репрезентацијата ги има во Кина, а на состанокот со фудбалерите, тактичката поставеност на тимот за утрешниот натпревар беше главниот фокус.

„Благодарност до домаќинот за условите кои ни ги овозможија, навистина се чувствуваме одлично. Во репрезентацијата за овие два натпревари се наоѓаат млади фудбалери кои имаат свои квалитети и се надевам дека имавме доволно време да се подготвиме и да одиграме добро на утрешниот натпревар. Кина е фаворит, ние сме со подмладен состав, но тоа не значи дека однапред ќе се предадеме. Напротив, играчите се тие кои треба да го покажат и докажат својот квалитет и да сфатат дека ваквиот тип на натпревари може да им донесат само позитивни работи. Секако, позитивни и за нас доколку ме убедат дека имаат потенцијал и квалитет да ја зголемиме конкуренцијата пред почетокот на квалификациите за ЕП во Франција”, изјави Ѓуровски.

Кога е во прашање почетниот состав Ѓуровски откри дека ги има решено сите дилеми.

„Место во почетниот состав има за Наумовски Кристијан, Дамчевски Александар, Цуцули Ардиан, Најденов Бојан, Лена Нијас, Велковски Дарко, Илиоски Баже, Љамчевски Благоја, Сиљановски Горан, Тодоровски Благоја и Аврамовски Даниел. Кина е фаворит, ние сме со подмладен состав, но тоа не значи дека однапред ќе се предадеме. Напротив, играчите се тие кои треба да го покажат и докажат својот квалитет и да сфатат дека ваквиот тип на натпревари може да им донесат само позитивни работи. Секако, позитивни и за нас доколку ме убедат дека имаат потенцијал и квалитет да ја зголемиме конкуренцијата пред почетокот на квалификациите за ЕП во Франција”, додаде Ѓуровски.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.