Македонија ја одбележува Светската недела на вселената

Целта на одбележувањето е да се даде акцент на придобивките од вселенските истражувања спроведени во текот на претходната година.

Одбележувањето на Светската недела почнува на 4 октомври во чест на овој датум во 1957 година кога е лансиран првиот сателит Спутник 1, со што се отвори патот за истражување на вселената. Завршува на 10 октомври, датумот на кој во 1967 година е потпишан Договорот за принципи и активности на државите вклучени во истражување и соодветна употреба на вселената, вклучувајќи ја и Месечината и другите небесни тела.