Македонија ја подржува нормализација на односите Србија- Косово

Српската премиерка, Ана Брнабиќ и претседателот на Собранието на Македонија, Талат Џафери на денешната средба во Белград констатирале дека регионалната соработка и европскиот пат се клуч за стабилност и просперитет на Западен Балкан.

Брнабиќ истакнала дека Србија се залага за почеток на преговорите на Македонија со ЕУ и за што побрз договор околу решавањето на спорот за името.

Србија е определена за развој на пријателските односи, базирани на заедничката историја и традиционалните блиски врски на двата народа.  Со поцврсто поврзување преку регионалната економска соработка во рамките на „Берлинскиот процес” земјите во регионот побрзо ќе обезбедат услови за приклучување во ЕУ, изјавила Брнабиќ.

Џафери посочи дека на средбата се покренати сите оние прашања кои се од добробит на билатералните односи меѓу двете држави.

На став сме дека треба да се продолжи со комуникација на највисоко политичко ниво на сите институции, вклучувајќи го парламентот, владите и претседателите на државите кои треба да бидат гаранти на спроведувањето на актите кои ги договараат двете држави во полза на граѓаните, изјави Џафери.

Џафери претходно се сретна со неговата српска колешка, Маја Гојковиќ, со која разговарал за актуелностите во Македонија, за добиениот позитивен и безусловен Извештај од Европската комисија за напредокот на државата, како и за реформите кои Македонија ги спроведува во насока на градење на современо општество со европски вредности.

Гојковиќ изрази подготвеност за Собранието на Србија, да ѝ ја даде потребната помош на Македонија, во текот на процесот за членство во ЕУ.

На средбата Џафери-Гојковиќ тема на дискусија беше и Косово. Џафери, со став дека Македонија ја поддржува Србија во нормализирање на односите со Косово, додавајќи дека само преку отворен дијалог би можеле да се решат актуелните проблеми и отворените прашања.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.