Македонија ја „прегази“ Белорусија

Фудбалската репрезентација на Македонија оствари убедлива победа од 3-0 во контролниот дуел со селекцијата на Белорусија што е прв триумф во третата пресметка со оваа репрезентација.

Првата закана ја имаа гостите преку Родионов а потоа Несторовски погоди пречка за нашата репрезентација.
Следуваше период на добра игра на нашата селекција и во 40. минута Спировски со својот прв репрезентативен погодок ја доведе Македонија во водство од 1-0.
Во вториот дел  се разигра капитенот Пандев но одличната соло акција не успеа да ја круниса со погодок. Сепак Пандев во 61. минута по одличната асистенција на Тричковски зголеми на 2-0 а истиот игра во 69м. имаше одлична комбинација со Алиоски и по вторпат се запиша во листата на стрелците за 3-0.
Шанса од селекторот Ангеловски доби и младиот Дарко Чурлинов кој во првиот контакт со топката можеше да постигне погодок но биеше непрецизно.
Сепак останува дека со 16години и  8 месеци е најмладиот играч што заиграл за македонската фудбалска репрезентација.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.