Македонија ја задржа 80. позиција

Фудбалската репрезентација на Македонија, го задржа истиот пласман како и минатиот месец, и со освоени 419 поени е рангирана на 80.позиција на најновата ФИФА Ранг-листа.

Кога се во прашање нашите противници во престојниот квалификациски циклус за еп 2016, актуелниот светски и европски првак Шпанија е на првото место, Украина е рангирана како 16. светска сила во моментот, а меѓу првите 50 селекции се наоѓа и Словачка (49.). Репрезентацијата на Белорусија е само две позиции зад Македонија на листата на ФИФА, а Луксембург е најслабопласиран во групата, на 119. позиција.

Веднаш зад “црвената фурија” е репрезентацијата на Германија, а потоа следуваат Бразил, Португалија, Аргентина, Швајцарија, Уругвај, Колумбија, Италија и Англија.