Македонија ќе добие прва банка за донирано мајчино млеко

Македонија ќе добие прва банка за донирано мајчино млеко! Банката ќе се отвори на почетокот на идната година, а ќе биде лоцирана во Универзитетската клиника за гинекологија и акушерство. За таа намена Министерството за здравство одвои буџет од околу 5 милиони денари, пишува Вечер.

Како што велат од Министерството за здравство, мајчиното млеко е од непроценлива важност за новородените, а особено за болните и за предвреме родените бебиња, затоа со буџет од околу 5 милиони денари се планира да се реализира овој проект. Тие сметаат дека со отворањето на Банката за донирано мајчино млеко, ќе се спасат животите на многу новороденчиња.

И педијатрите се согласуваат со оваа идеја и сметаат дека тоа ќе биде достапно за сите деца на кои тоа им е потребно, бидејќи тоа е најздрав и најприроден начин на исхрана во првите месеци од животот. Тие укажуваат дека сите здрави мајки кои имаат вишок на млеко, можат да бидат донатори на оваа драгоцена течност.

 

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.