Македонија ќе се задолжи за уште 71 милион евра

Владата на Република Македонија за утре закажа нова аукција на хартии од вредност на 31.10.2017 година на која дополнително ќе ги задолжи македонските граѓани за 71 милион евра.

Доколку биде подигнато предвиденото задолжување, само по основ на Државни хартии од вредност задолжувањето ќе достигне 327.63 милиони евра.

Долгот постојано расте и за само пет месеци, вклучувајќи ги и другите основи по кои се задолжува државата, владата ја задолжи Македонија за огромни 609.48 милиони евра.

По основ на Државни хартии од вредност долгот изнесува 347.63 милиони додека испумпаните државни резерви изнесуваат 177 милиони евра. Кредити и задолжувања по други основи изнесуваат 104. 85 милиони евра.

Ако се соберат овие износи доаѓаме до бројката скоро 610 милиони евра долг за 5 месеци од владеењето на новата влада. Доколку владата се задолжува со ова темпо експертите предупредуваат дека може да не снајде грчкото сценарио.