Македонија

Погледнете како Кинезите ја претставија Македонија (ВИДЕО)

Погледнете како Кинезите ја претставија Македонија (ВИДЕО)
Kако Кинезите ја претставија Македонија

„Македонија, земја благословена од сонцето. Од оваа земја Александар Македонски започна дотогаш невидена кампања. Изгради империја која се протегаше во Европа, Азија и Африка. Сонцето на слободата секојдневно е сведок на промените во оваа земја.“

Вака започнува петминутното видео во кинеските медиуми посветено на нашата земја откако вчера беше промовирана новата електромоторна патничка гарнитура во фабриката на компанијата ЦРРЦ во градот Џуџо пред македонска делегација предводена од министерот за транспорт и врски Владо Мисајловски

-Македонија е отворена, ги прифаќа останатите, го прифаќа светот со широко отворени раце, започнува епско патување какво никогаш немало на територијата. Истовремено во Кина ЦРРЦ посветено работи на иновации и извоз во над 10 земји, заработувајќи 30 милијарди ренминби (кинески јуани). Во 2010 година ЦРРЦ дебитираше на интернационалниот пазар,а во 2014 година го испорача првиот електричен воз за Малезија. Договорот со Македонија беше потпишан на 24 јуни 2014 година. Ваков тип на воз за првпат ќе стапне во Европа, се вели во видеото.

Безбедносните стандарди целосно се почитувани, а возот е просторен, има изолација на звуци и удобност за безбедно патување. Возот е еколошки и не загадува.

-За пазарот во Македонија развивме поинаква стратегија. Влеговме на пазарот и мислам дека ќе имаме и други прилики за да учествуваме во напорите на земјата да го надгради железничкиот транспорт во земјата, вели Занг Минју, потпретседател на ЦРРЦ.

Видео: „Македонија 24“

Возот е со три вагони со капацитет од 200 патници и можност за брзина до 160 километри на час. Новите патнички возови ќе имаат вкупен капацитет од 1.200 патници, што ќе покрива 60 проценти од линиите што ги одржува МЖ – Транспорт. Треба да бидат климатизирани, опремени со вакуум тоалети, да ги задоволуваат најстрогите мерки за енергетска ефикасност, да ги исполнуваат безбедносните стандарди, како и услови за превоз на лица со ограничено движење.

ЦРРЦ е најголем светски производители на локомотиви и вагони за превоз на патници и стока. Произведува и сервисира локомотиви и вагони за патници и за товар, мотори за возила и возила за градски превоз и соодветни компоненти, а ја има произведено и првата електрична локомотива во НР Кина.