Македонија ќе добие четири тешки противници во ждрепката за ЕП 2016

Пред малку, челниците на УЕФА ги обелоденија сите детали околу ждрепката за квалификсцискиот циклус за престојното Европско првенство во Франција.

Репрезентацијата на Македонија ќе биде лоцирана во петтиот шешир и на 23 февруари ќе ги дознае своите противници.

Освен нашиот национален тим, во овој шешир ќе бидат уште репрезентациите на Исланд, Северна Ирска, Албанија, Литванија, Молдавија, Азербејџан, Грузија и Кипар.

Според претходно утврдените пропозиции, најдобрите две селекции од секоја група ќе обезбедат директен пласман на ЕП 2016, а истото важи и за најдобрата од деветте третопласирани репрезентаци.

Преостанатите осум третопласирани селекции ќе бидат дел од дополнителните бараж квалификации.

Првото коло од квалификациите за европскиот шампионат ќе стартува на 7 септември 2014 година, додека последната рунда ќе се игра од 11 до 13 октомври 2015 година. Баражите се закажани за 12-14 ноември (први натпревари) и 15-17 ноември (реванши).

ЖДРЕПКА ЗА КВАЛИФИКАЦИИ ЗА ЕП 2016

ШЕШИР 1: Шпанија, Германија, Холандија, Италија, Англија, Португалија, Грција, Русија, БиХ.

ШЕШИР 2: Украина, Хрватска, Шведска, Данска, Швајцарија, Белгија, Чешка, Унгарија, Република Ирска.

ШЕШИР 3: Србија, Турција, Словенија, Израел, Норвешка, Словачка, Романија, Австрија, Полска.

ШЕШИР 4: Црна Гора, Ерменија, Шкотска, Финска, Латвија, Велс, Бугарија, Естонија, Белорусија.

ШЕШИР 5: МАКЕДОНИЈА, Исланд, Северна Ирска, Албанија, Литванија, Молдавија, Азербејџан, Грузија, Кипар.

ШЕШИР 6: Луксембург, Казахстан, Лихтенштајн, Ф. Острови, Малта, Андора, Сан Марино, Гибралтар.