Македонија ќе ги добие противниците во групата за Евробаскет 2015

 Кошаркарската репрезентација на Македонија попладнево во Париз на извлекувањето на групите за Европското првенство 2015 ќе ги добие противниците во групата. Нашата селекција се наоѓа во четвртиот „барабан“ и нема да може да игра со Белгија, Италија и Полска, кои се заедно со Македонија.
Првата фаза од Евробаскетот ќе се одржи во четири групи и четири држави ќе бидат домаќини, а ФИБА Европа им дозволи на овие држави да изберат уште една репрезентација во својата група. Затоа и извлекувањето ќе биде полудиригирано.
Франција, која ќе игра во Монпеље, ја одбра Финска. Хрватска ќе биде домаќин во Загреб и ја избра Словенија. Групата на Германија ќе се игра во Берлин, а таму ќе настапува и Турција, додека Естонија во Рига ќе патува кај Летонија. Првата фаза ќе се игра од 5 до 11 септември 2015 година.
Сите други натпревари заклучно со финалето ќе се играат од 12-ти до 20 септември 2015 година во францускиот град Лил.