Македонија ќе се приклучува кон ТАНАП?

Приклучување на Република Македонија на Транс-анадолскиот гасовод ТАНАП ќе биде тема на средбата на министерот за економија Беким Незири со турскиот министер за енергетика Танер Јилдиз во Истанбул.

Како што соопшти Министерството за економија, средбата ќе се одржи на церемонијата за почеток на изградба на гасоводот која ќе се одвива под покровителство на претстедателите на Турција, на Грузија и на Азербејџан, Реџеп Таип Ердоган, Гиорги Марквелашвили и Илхам Алијев.

ТАНАП претставува заеднички проект на Турција и Азербејџан, а поминува преку Азербејџан, Грузија, Турција се до границата со Грција, а потоа на него ќе се надоврзува со гасоводот ТАП (Транс-јадрански гасовод), кој поминува од Грција во Албанија и под Јадранско Море оди во Италија.

Камен темелникот за изградба на Транс-анатолскиот гасовод за природен гас ТАНАП, ќе биде поставен во провинцијата Карс во близина на турско-грузиската граница.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.