Македонија ќе се рекламира на „Гугл“

Македонија ќе се рекламира на најпознатиот интернет пребарувач „Гугл“. Генералниот секретаријат со хрватското претставништво на „Гугл“ веќе склучил договор вреден 31,6 милиони денари или 514 илјади евра, пишува Канал 5.

Договорот вчера е објавен на страницата на Бирото за јавни набавки, а склучен е на крајот на јануари, со што туристичките убавини на Македонија ќе се промовираат 12 месеци.

„Гугл Хрватска доо“ според податоците на Бирото за јавни набавки, е избрана во постапка со преговарање.

Ова е уште еден начин на промоција на земјава што го форсира Владата.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.