Македонија

Македонија ќе се вклучи во акцијата „Часот на планетата Земја“

Македонија ќе се вклучи во акцијата „Часот на планетата Земја“

Македонија по шести пат, во сабота на 28 март ќе се вклучи во светската волонтерска акција „Часот на планетата Земја“, преку која со симболично исклучување на светилките еден час ќе испрати порака за спас на планетата.

Во акцијата ќе учествуваат 162 земји од светот, кои во 20:30 часот по локално време ќе ги исклучат светилките во над 8.000 градови.

Годинашната кампања, која почнува денеска ќе се одвива под мотото „Вклучи се во акцијата – исклучи ги светилките“, информира организаторот на акцијата во Македонија Ѓорги Селков.

– Во кампањата македонските познати личности ги повикуваат граѓаните да ја употребат својата моќ и да ги исклучат светилките во период од еден час и со тоа да дадат придонес за спас на планетата Земја, вели Селков.

Поддршка на кампањата ќе и дадат познати личности од Македонија, меѓу кои Даниел Кајмакоски, Снеже Велков, Татјана Алексиќ, Атанас и Тино,… Пријатели на акцијата се Црвениот крст на Република Македонија, Министерството за животната средина и просторно планирање, ЕВН и Агенцијата за енергетика на Република Македонија.