Македонија конечно поразена

Македонската кошаркарска репрезентација во четвртиот натпревар го претрпе и првиот пораз во квалификациите за Евробаскет 2015, откако нашите кошаркари загубија на гостувањето против Белгија со 63-60. Иако одиграа квалитетно во повеќе аспекти од кошаркарската игра, македонските репрезентативци го загубија натпреварот поради огромниот број на загубени топки, дури 25, премногу за да може да се стигне до триумф против силен ривал како Белгијците.

Хендрикс оствари дабл-дабл од 14 поени и 14 скокови, Марко Симоновски постигна 11 поени, а зад него се најдоа Трајковски со осум, Ѓуроски со седум и Војдан Стојановски и Костоски со по седум поени.

Овој пораз нема преголемо значење за реализацијата на зацртаната цел – пласман на Евробаскет 2015, што би можела да се оствари веќе во следното коло, со триумф на домашен терен над аутсајдерот Данска и пораз на Белорусија на домашен терен од Белгија.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.