Македонија меѓу петте светски дестинации за љубителите на вино

Специјализираната интернет страница за вино и храна Foodandwine ја смести Македонија меѓу петте топ светски дестинации за квалитетно вино,  што вљубениците на квалитетно вино и храна мора да ги посетат.

Во кусиот напис посветен на македонското вино на познавачите и љубителите на вино да ги заборават Бургундија или долината Напа и да ја посетат „малечката балканска држава со два милиони жители каде се произведува вино со квалитет од светска класа уште од времето на Јулиј Цезар, независно што за тоа има добиено само мал број признанија“.

maced_vinoooo

На посетителите им се препорачува престој во винаријата „Попова Кула“, каде за неверојатно ниски цени, а неизоставно да се посети и „Бовин“, првата винарија формирана од осамостојувањето на Македонија од Југославија од 1991 година.

Покрај Република Макеоднија меѓу петте топ-светски вински дестинации се уште и Валамет долината во американската сојузна држава Орегон, планинскиот регион на границата меѓу Франција и Швајцарија, областа Седона во Аризона (САД) и Португалија.