Македонија меѓу првите земји која користи средства од Кина

Македонија е меѓу првите земји што користи средства од фондот до 10 милијарди долари за инфраструктурни проекти во Централна и Источна Европа најавен на средбата во Варшава, истакна премиерот Никола Груевски на состанокот на шефовите на влади на Кина и на земјите од Централна и Источна Еропа што попладнево започна во Белград.

Во своето обраќање, македонскиот премиер нагласи дека во државата во моментот се реализираат три автопатски делници и се работи на железничкото поврзување со Бугарија. Два од автопатите се реализираат со заем од НР Кина во износ од повеќе од 600 милиони евра, јави известувачот на МИА.

Тој посочи дека земјава годинава бележи значаен економски напредок и додаде дека континураните реформи и напори за подобрување на бизнис климата ги забележуваа и меѓународните институции како Светска банка.

– Наша стратегиска определба е да ги подобруваме условите за бизнис и реализација на големи инфраструктурни проекти. Секогаш се прилагодуваме на новите трговски услови на полето на економијата за да ја реализираме целта, полноправно членство во Европскката унија, но сакаме да имаме и соработка со сите прогресивни земји во светот, истакна Груевски.

2gruevskiii500

Интерес е, додаде Груевски, и на народите од Европа, но и на кинескиот народ да имаат заедничка соработка во насока на подобрување на вкупните услови за живот, нагласувајќи дека од Самитот очекува да ги согледа новите намери на Кина за инвестиции во регионот.

Кинескиот премиер Ли Кечијанг порача дека Кина се залага за стабилна Европа и оти сака да ја види пообединета и појака.

– Расположени сме за поддршка на инфраструктурни проекти во Централна и Источна Европа и ќе ги охрабрам кинеските компании повеќе да инвестираат, нагласи Кечијанг.

Најави зголемување на фондот за помош за земјите од Централна и Источна Европа за три илијарди аерикански долари и двојно зголемување н а стипендиите за студенти.

– Ќе ги охрабриме нашите компании да понудат кредитни линии во износ од 10 милијарди долари. Зависно од динамиката и искористеноста ќе имате пониски камати и подобри услови, рече Кечијанг.

Нагласи дека Кина има значајни искуства, технологии и знаење за брзите железници и оти смета дека Европа има добри пристаништа и автопатишта, кои, како што рече, доколку се поврзат може да се воспостави експресна линија преку Балканот до Кина за размена на стоки.
Домаќинот на Самитот, српскиот премер Вучиќ рече дека на регионот му се неопходни нови инвестиции и работни места за да создаде конкурентна економија.

– Имаме талентирани луѓе и потребно ни е само храброст за да реализираме инвестици и да одиме на подобро, рече Вучиќ.