Македонија меѓу земјите во светот каде најмногу се пие вино

Еден Македонец просечно пие по околу 42 литри вино годишно, сведочат податоците на Институтот за вино од Калифорнија за 2012-та година, со што сме седма земја во светски ранг.

Според податоците, многу е природно што најмногу Европејците уживаат во овој еликсир. Изненадува фактот што Ватикан доминира со годишна потрошувачка од приближно 74 литри вино.

Овој парадокс можеби се објаснува со фактот дека во оваа град-држава виното се користи за церемонијални почести, а неретко се случува Италијанци да дојдат во Ватикан од каде што купуваат вино ослободено од данок. Но, за да биде оваа статистика во корист на Ватикан може да биде демографијата, бидејќи таму живеат мал број луѓе.

По Ватикан следи Андора со годишна просечна потрошувачка од над 46 литри, a потоа земјата која е препознатлива по производство на овој за многумина волшебен напиток- Франција.

Од земјите во регионот, Словенија е петта со потрошувачка од 43 литри по глава жител, а едно место над нас е Хрватска со еден литар помалку.

Швајцарија, Италија, Австрија, Грција, Белгија… се земји кои што во просек имаат над 30 литри вино по глава жител.

Виното е неверојатен пијалок, кој што е широко распространет. Може да се најде и во елитните ресторани, но и на обичните студентски забави.

Преработката на грозјето, а како резултат на тоа и добивање на финалниот производ- вино, е древна вештина со многу долга и далечна историја.

Институтот за вино од Калифорнија се занимава со собирање и обработка на податоци за производство, но и за потрошувачка на виното.

Токму оваа мапа, покажува колкава е потрошувачката по глава жител за секоја земја во текот на 2012-та година.

world wine consumption map