Македонија меѓу најдобрите инвестициски дестинации во светот

Реномираниот магазин Сајт Селекшн ги соопшти надборите инвестициски дестинации во светот, а  Македонија повторно се најде на високите позиции. По бројот на гринфилд проекти по глава на жител пред Македонија се само Чешка и Унгарија.

Како што истакна денес директорот на ТИРЗ, Виктор Мизо, според магазинот, за Источна Европа Македонија е рангирана на високото место 3 место според ројот на гринфил проекти по глава на жител и на 7 место според бројот на гринфилд проекти.

Тоа значи дека сите наши напори и активности кои ги презедовме во изминатиот период резултираат и со позитивни рангирана на уште еден глобален и реномиран магазин, кој ги валоризира нашите активности, што значи дека дополнително ќе влијае на нови компании кои ќе ги разгледуваат можностите за инвестирање во земјите на ИСточна Европа и Македонија се повисоко да ја стават на нивната инвестициска мапа, рече Мизо.

Исто така извозот во првите 4 месеци на оваа година бележи раст од над 30,4% споредено со 2015 година, а извозот надмина 565 милини евра што значи дека разликата межу извозот и увозот е над 130 милиони евра.

Дополнително имаме индикации дека извозот на компаниите не само на оние кои што работат во зоните туку и на оние кои што во блиска иднина ќе започнат со активна работа, како што е Гентерм кој воедно е во завршна ваза на завршување на нивниот производствен капацитет во Прилеп. О Де Ве електрик кој исто така летово треба да го заврши својот погон во зоната во Струга на и Кеј Сејфти Системс кој активно зпочна со работ ана почетокот на март годинава, кој до крајот на годинава ќе има дополнителни вработувања и зголемувања во производството, вели Мизо.

Во моментов во ТИРЗ во Скопје се градат три производствени капацитети: Хајтек, компанијата Гес која е германско египетска компанија како и втората фаза на Ван Хол. Во блиска иднина се очекува почеток на градба на новиот производствен капацитет на Џонсон во Струмица, додека пак Кондево го завршува својот производствен погон во Штипкој со активна работа треба да започне кон средината на летото.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.