Македонија меѓу најлошо рангираните земји во светот според буџетската транспарентност

465

Македонија е рангирана меѓу земјите со најлоша буџетска транспарентност во светот. На скала од 0 до 100 Македонија добила само 37 поени за транспарентност, во вторникот беше посочено од страна на Центарот за економски анализи (ЦЕА) кои се повикаа на Индексот за буџетска транспарентност 2017-та.

Како што истакна претседателот на ЦЕА, Марјан Николов, Владата мора да го подобри обемот на информациите во буџетските документи.

„Граѓаните немаат можност за активно учество, особено маргимализираните или ранливи категории, буџетскиот систем им служи само на моќните елити“, рече Николов.

Според претставникот на Министерството за финансии, Јована Аврамовска направени се 12 клучни промени за подобрување на транспарентноста.

Аврамовска посочи дека сега Министерството објавува извештаи кои претходно не се објавувале, како и дека сега согласно закон сите државни договори се објавуваат јавно.

Инаку, министерот за финансии Тевдовски имаше остри критики од јавноста бидејќи токму Аврамовска ја ангажираше во Министерството без јавен конкурс и критериуми.

Аврамовска во Министерството доаѓа од хумористичната емисија Фчерашни на К15, финансирана од УСАИД. Ова е само едно од низата вработувања во четири очи што ги спроведе новата Влада.

Иако Владата најавуваше дебати и вклучување на јавно мислење за секоја тема од јавен интерес, министерот за финансии во најголема тајност издаде еврообврзницана почетокот на годинава и ја задолжи земјата за поча милијарда евра.

Исто така, Владата воведе давачки кои не беа предвидени со програмата на Влада. Повторно без дебата граѓаните беа изненадени со повисока акциза и повисоки цени на горивата.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.