Македонија меѓу најразвиените економии во светот

Во првата десетка на Дуинг бизнис годинава се најдоа најразвиените земји во светот. Освен Македонија, која е економија во развој, сите останати земји од топ десет на Дуинг бизнис 2017 се високо развиени економии, а две од нив припаѓаат и на Г7 групата.

Еве кои се топ 10-те земји во светот за водење бизнис:

1. Нов Зеланд е високо развиена економија со номинален БДП од 172 милијарди долари, и бруто-домашен производ по глава на жител според куповна моќ од 36.136 долари. Нов Зеланд е извозно ориентирана земја со високо развиен услужниот сектор

2. Сингапур е високоразвиена економија со номинален БДП од 292,7 милијарди долари и е четврта најдобра економија во светот според БДП по глава на жител изразен преку куповсната моќ која изнесува 85.382 долари. Таа е високо извозно ориентирана земја со производство на високотехноложки производи. Улужниот сектор е високо развиен и придонесува со 75 отсто во креирањето на БДП. Невработеноста е само 2 отсто.

3. Данска е една од најразвиените европски економии со 295 милијарди долари бруто домашен производ и со БДП по глава на жител според куповна моќ од 45.723 долари. Улужниот сектор е носечки, а кон БДП придонес дава и индустријата со учество од 20 отсто и земјоделското производство.Невработебоста е 3,9 отсто

4. Хонг Конг, покрај Сингапур е економија која се вбројува во „Азиските тигри“. Со бруто домашен производ од 309 милијарди долари ова е високо развиена економија со високи стапки на економски раст. Услужниот сектор има удле во БДП од дури 90 отсто.

5. Република Кореја има БДП од 1377 милијарди долари. Оваа економија е брзо растечка и се карактеризира со високи стапки на раст кои достигнуваат и до над 10 отсто годишно

6. Норвешка е позната како најразвиена економија во светот согласно Индексот на човечки развој. Со бруто домашен производ од 388,3 милијарди долари и БДП по глава на жител според куповната моќ од 68.591 долари, Норвешка е економија каде населението ужива висок животен стандард

7. Велика Британија е една од највилијателните и најразвиени економии во светот и е еден од најглавните финансиски и трговски центри глобално. БДП е 2.858 милијарди долари и 41.499 БДП по глава на жител според куповна моќ

8. САД е најголемата економија во светот, центар на сите економски случувања, со БДП од 18.036 милијарди долари и куповна моќ по глава на жител од 56.000 долари.

9. Шведска е високоразвиена, извозно ориентирана економија со фокус на услужен сектор и БДП од 493 милијарди долари и 48 илјади долари по жител БДП согласно куповна моќ

10. Македонија е единствената земја во топ 10 на Дуинг бизнис која е во развој и во која бизнис практиките се блиску до оние во најразвиените земји во светот. Добрата бизнис клима, меѓу другото е една од основите кои значајно придонесуваат за подинамичен развој на економијата кое треба да овозможи подобри услови за живот на населението.